Еlectric Uno е името за новата мото иновација на 18 годишниот канаѓанец Ben Gulak, кој потрошил неколку години во развивање на моторциклот. Моторот всушност има...
... две тркала кои се паралелно едно до друго, и користи жироскопска технологија за да стои исправено. Како што вели тој, моторот се базира на концептот на Segway, само што е многу побрз и подинамичен. "Моторот е лесен за возење, само што треба малку време да го научите и да стекнете доверба во него" - изјави Ben. "Еlectric Uno" има електричен погон, а со едно полнење може да се користи 2,5 часа. Максималната брзина на прототипот е 40км/ч, и лесно може да се зголеми со користење на помоќен агрегат. Откако го представи новиот мотор, младиот Ben веќе стекна симпатии од медиумите и за неговата иновација дозна цел свет. Тој сега е во потрага по инвеститори кои ќе го помогнат производството на неговиот мотор.  |