|
Низ Европа - iPhone за 99 евра! |
|
|
|
[04-05-2008 | 17:01 часот] |
Германскиот T-Mobile ја спушти цената на iPhone, и сега со потпишување на претплатнички договор може да се добие за 99 евра. Акцијата е за популарниот...
... iPhone од 8 гигабајти. Зависно кој месечен пакет е одбран, за телефонот се доплаќа од 99 евра до 249 евра, односно колку е месечниот пакет поефтин - толку е поскап телефонот. Аналитичарите тврдат дека со овој потег на T-Mobile ќе се раздвижи европскиот пазар, и слични акции се очекуваат и од другите оператори. Според корисниците ова е логичен потег затоа што за досегашната цена на iPhone, постои голема понуда на поквалитетни мобилни телефони.  |