|
The Ocean во клубот Кастро |
|
|
|
[05-05-2008 | 01:12 часот] |
Во вторник (6 мај) во клубот Кастро е најавен концерт на германската прогресивна и експeриментална формација...
... The Ocean. Во рамките на настанот, што ќе почне во 20 часот, ќе настапат и одличните домашни бендови Dedicated For Life и Victim Yield. Билетите за свирката чинат 250 денари во претпродажба и 350 денари на влезот на клубот. Истите можат да се купат во Кастро и во кафе-баровите Лајка, Круг (во Аеродром) и Агора (во Куманово). The Ocean во Скопје доаѓа со свое комплетно лајт-шоу, а на концертот ќе има моќно озвучување.  |