OFF-FEST 2008 (програма) Печати Е-меил
[05-05-2008 | 15:30 часот]
 Од вторник, (6 мај) ќе бидат пуштени во продажба влезниците за сите вечери на годинешното 7-мо издание на OFF-Fest...

... што оваа година ќе се одржи од 24-29 мај, во организација на Скопскиот џез фестивал.

Цената на влезниците за концертот на британските пост-панк легенди Gang Of Four, кои заедно со домашните Bernays Propaganda ќе го отворат Фестивалот на 24. мај во клубот Хард Рок, изнесува 800 денари во претпродажба, а 1000 на денот на концертот.

Билетот за настапот на новата африканска ѕвезда Vieux Farka Toure од Мали, на којшто ќе му претходи емитување на документарниот филм посветен на неговиот татко "A Visit To Ali Farka Toure", на 25 мај во киното „Фросина“ (МКЦ), ќе се продава по цена од 250 денари.

За промоцијата на новиот компакт диск на Дуке Бојаџиев "Love Is The Way" и неговиот настап во живо заедно со атрактивната њујоршка раперка TK Wonder (26 мај, клуб „Миднајт“) посетителите ќе плаќаат 100 денари.

И конечно, влезниците за концертите што ќе се одржат во Универзалната сала: Senor Coconut And His Orchestra + Фолтин (на 27. мај) и Orchestra Baobab + Seun Kuti & Fela's Egypt 80 (на 29 мај) ќе чинат по 500 во претпродажба, односно 700 денари на самиот ден на одржување на концертите.

Билетите ќе се продаваат во Југотон, Чув де чув и во Универзалната сала.