|
Номофобијата хара низ Италија |
|
|
|
[06-05-2008 | 00:04 часот] |
Номофобијата или изразениот страв предизвикана од губење на мoбилниот телефон, соборила 37% од италијанските млади на возраст од 13 до 18 години...
... објави италијанскиот „Il Messagero“. Името „номофобија“ произлегува од „no mobile“, што често предизвикува паника кај сопствениците. „Стравот, што се раѓа поради заборавен или изгубен мобилен телефон, е резултат на новата форма зависност од апаратот, тврди за весникот Масимо Ди Џананатонио, професор по психијатрија на римскиот универзитет „La Sapienza“. Според него, таквата зависност е речиси толку силна колку и зависноста од наркотици или алкохол.  |