Женскиот глас е најсексипилен за време на плодните денови, покажа истражувањето чии резултати ги објави "New Scientist". Се докажа дека нивото на хормони влијае...
... врз гласните жици, што доведува до промена на бојата на гласот кај жената. Со ова, научно се докажа дека женскиот глас е најсексипилен за време на овулацијата. Во истражувањето на особи од двата пола им се пуштани аудио снимки на женски гласови во различни периоди на менструалниот циклус. И мажите и жените како најзаводливи ги оцениле снимките кои се направени во периодот околу овулацијата, во момент кога оплодувањето на јајце клетките е можно. Иако кај жените нема очигледни промени кога се во плодна фаза, научници утврдиле дека сепак доаѓа до суптилни промени во гласот кои се резултат на зголеменото ниво на хормоните. Мажите се во состојба несвесно да го детектираат тоа, така што во време на плодните денови жената им е многу попривлечна отколку во останатиот период. Научниците напоменуваат дека овој "femme fatale" глас се губи доколку жената користи апчиња за контрацепција. Тие најавија дополнителни испитувања, кои ќе ги утврдат точните биолошки механизми кои го во овој период го "разнежнуваат" гласот. |