Иако Швајцарија не е звучно име во авто индустријата, од оваа земја неретко доаѓаат автомобили за памтење. После супер автомобилите на Rinspeed, на ред е Weber..
... и неговиот адут кој надминува 400км/ч. Моментално според Гинисовата книга - SSC Ultimate Aero TT е најбрз на светот, а титулата ја презема од Veyron постигнувајќи 412км/ч. Новиот Weber влегува во трка за титулата со својот мотор со два компресори. Средишно поставениот 7 литарски V8 мотор развива 901 коњски сили, што не изгледа многу, но кога ќе се напомене тежината на автомобилот од 900кг, работите стануваат појасни. Од 0-100км/ч забрзува за неверојатни 2,5 секунди, до 200км/ч за 6,6 секунди, а до 300км/ч за нецели 16 секунди. Максималната брзина не е строго дефинирана, но произведувачот тврди дека надминува 420км/ч! За крај, цената на рачно изработениот Weber Faster One е 990.000 евра - без давачки. 

 |