Развиена Анти-никотинска вакцина Печати Е-меил
[07-05-2008 | 00:03 часот]
 Анти никотинска вакцина ќе биде тестирана на 400 луѓе во нордиските земји, објави шведскиот институт "Karolinska". Предводникот на испитувањата - Lena...

... Wikingsson, изјави дека вакцината е пред се наменета за страсните пушачи, и се надева дека таа ќе придонесе за многу полесно откажување.

Вакцината Niccine има задача да го поттикне имунитетот да произведува антитела против никотинот, со што ќе се неутрализира ефектот на цигарата.

Ако човекот кој прима Niccine запали цигара, антителата реагираат и спречуваат ефектот од никотинот да стигне до мозокот.

Така пушачот фактички веќе престанива да биде зависен од никотин.

Испитувањата кои би требало да траат околу една година, ќе покажат дали и колку вакцината е успешна во пракса.