|
Со добра утакмица - до инфаркт?! |
|
|
|
[18-06-2006 | 19:55 часот] |
Многумина мислат дека следењето на Светското фудбалско првенство, со ладно пиво и многу грицки, е идеален начин за релаксација. Но истражувањето на Британските научници докажа дека не е баш така. Истражувањето, во кое учествувале поголем...
...број на Англиски навивачи, е спроведено за време на натпреварот Англија - Парагвај, во кој Англија славеше со 1:0. Кај надгледуваните навивачи утврдено е значително зголемување на бројот на отчукувања на срцето, над 100, додека за нормален пулс се смета - 70 отчукувања во минута. Покрај тие симптоми, се утврдило и дека количината на плунка во устата е значително намалена - односно изнесувала половина од вообичаено, што посочува на зголемен стрес. Со вакви симптоми, следењето возбудливи натпревари може да биде и штетно по здравјето. Зголемена е веројатноста од инфаркт, а чести се и појавите на страв и паника. |