Од понеделник К-15 телевизија Печати Е-меил
[08-05-2008 | 00:04 часот]
 Ребрендираната МС телевизија (сега со логото на "К-15"), пред се ќе нуди забавна програма. Најавите за стартување на новата телевизиска куќа во сопственост...

... на К-15 продукција и нејзините заштитни ликови Бубо Каров (Цацко Конопишки), Бранко Огњановски (Миле Паника) и Васко Тодоров (Тошо Малерот) од понеделник (12 мај) стануваат реалност.

"Станува збор за телевизија во чија основа ќе биде забавната програма, која ќе се базира на кратки ТВ-форми, кои нема да го оптоваруваат гледачот, туку ќе му понудат мигови во кои ќе може да се релаксира", изјави Бубо Каров.

"Ќе има многу музика, хумор, сатира... Програмската шема веќе е формирана, но вистинската физиономија ќе ја добие наесен", објаснува Каров.