Dell - модерен и шик лаптоп Печати Е-меил
[08-05-2008 | 01:17 часот]
 Ако ви здосади од едноличните лаптопи, Dell престави нова серија која сигурно ќе ве задоволи. Дизајнирани од познатиот Mike Ming и со супер урбан дизајн...

... дефинитивно ќе привлечат огромен интерес, поготово со нивната цена од само 699 долари.

Dell Ming Inspiron 1525 се нуди со средни перформанси - Dual Core процесор, до 160гб диск и до 3гб мемморија.

Постои и опција за малку посилна верзија - Extreme, која доаѓа со Core 2 Duo и чини сто долари повеќе од стандардната.

Сепак перформансите не се приоритет на оваа серија.

Mike Ming поттикнат од модерната култура го дизајнираше овој лаптоп првенствено за урбаните млади луѓе кои сакаат препознатлив стил.

За жал оваа серија од Dell не е предвидена за европскиот пазар, па едниствен начин да го имате - е да го нарачате од САД.

www.dell.com