Анџелина ќе роди близначки Печати Е-меил
[08-05-2008 | 02:17 часот]
 Магазинот Star од блиски извори на семејството дознава дека породувањето на Angelina Jolie е закажано за во јули, и дека се очекува да роди близначки. Angelina и Brad..

... се моментално во Франција каде е и планирано да се случи породувањето.

Семејниот пријател за "Star" изјавил - "По компликациите во бременоста што ги имаше со нејзиното прво дете Shiloh, Angelina е 24 часа дневно под докторски надзор.

Со оглед на тоа дека се работи за близначки, промените на телото во однос на првата бременост се многу поголеми, па тие стравуваат дека Angelina потешко ќе ја поднесе оваа бременост.

Сега за сега е све во ред, и Angelina и Brad со нетрпение очекуваат да дојде јули".