|
Да им се верува ли на фраерите? |
|
|
|
[09-05-2008 | 00:51 часот] |
Девојки... она што мама веројатно ви го збори цел живот, сега е и научно докажано. Новото истражување покажа дека на мажите со просечни и фини манири...
... може да им се верува, додека за жал, згодните фраери се вистински "преваранти". Компанијата "Ketchum Global Research Network" го спроведе истражувањето во САД и Канада, а во него се покажа дека на просечните мажи со фини манири повеќе може да им се верува, а со тоа се и попривлечни. На згодните мажи им веруваат само 17% од испитаничките, а останатите 83% сметаат дека пристојноста и фините манири се пресудни во привлекувањето на нивното внимание. Анкетата во која учествуваа над 500 испитанички од САД и Канада, покажа и дека заработувачката не им е најважна. Само 36% од канаѓанките би работеле прекувремено за поголема плата, додека половина од испитаничките од САД би прифатиле таква понуда. |