Добра перница - помалку брчки Печати Е-меил
[09-05-2008 | 01:39 часот]
 Свилена, сатенска или памучна навлака е вистински избор за перницата, бидејќи не ја нарушуваат циркулацијата на кожата во текот на ноќта. Со оглед на тоа дека...

... луѓето преспиваат третина од својот живот подлогата на која е потпрено лицето е многу важна, бидејќи погрубите материјали го забрзуваат трожењето на колагенот - што доведува до повеќе брчки.

Освен квалитетниот сон, за убав тен и здрава кожа важен е и редоследот на шминкањето.

Пред шминкање задолжително нанесете хидратантна крема за пудрата и шминките да не ја сушат кожата, а подочњаците најлесно ќе ги освежите ако ги покриете со две лажици кои претходно сте ги оладиле во замрзнувачот.

Оставете ги на очите околу една минута, и трагите од спиењето ќе ги снема. Усните е најдобро да се заштитат со "лабело" без вкус, бидејќи со неговото "јадење" и лижење усните дополнително ќе се исушат и испукаат.

Доплонителна заштита против брчите ќе ви донесе и редовното дневно/ноќно чистење на лицето.