Во недела (11 мај) во периодот од 11:00-23:00 часот, Градскиот парк - Школка ќе биде сведок на создавањето на еден...
... прекрасен спој помеѓу младите, хуманоста и музиката. Под слоганот “One love” (една љубов), традиционалниот „Боб Марли - in memoriam“ добротворен концерт кој се организира секоја година во градскиот парк на оваа дата, ја слави петгодишнината од своето постоење. Овој настан секоја година собира неколку илјади посетители и е најголемиот самит на реге и ска музичарите од Македонија. На годинешното издание настапуваат DJ Charley, Luka, Irie Pirate, Irenska, Rasta Girl, Slave, Zoki Rastamanski, Branko Kockica, како и бендовите “Lilit vs. Amon Mra”, “Canon”, Conquering Lion”. Кулминација на годинешната прослава е настапот на првиот реге-ска состав од Македонија, „Цилиндер” (Ристо Самарџиев, Пеце и Мите Димовски, Перо Јанев), кои се реоформуваат специјално за оваа прилика за првпат по нивното расформирање во средината на осумдесетите. |