|
Спиењето е поврзано со здравјето |
|
|
|
[13-05-2008 | 23:07 часот] |
Луѓето кои просечно спијат помалку од 6 или повеќе од 9 часови имаат поголеми шанси дека ќе страдаат од вишок килограми, тврдат Американските научници...
По анализата на податоците за 87 илјади возрасни испитаници, истражувачите откриле дека луѓето кои спијат помалку од шест часови - дури за 50 проценти почесто пушат и консумираат алкохол, но и помалку се физички активни. Наспроти тоа, во групата кои спијат просечно седум до осум часови е забележан помал број на пушачи отколку што е тоа просекот за САД (18 наспроти 21%). Во однос на просечните Американци, слични резултати се утврдени и во поглед на дебелината кај луѓето кои премалку или премногу спијат (22 наспроти 33%). Најмало ниво на физичка активност е забележана кај луѓето кои просечно спијат повеќе од девет часови. Истражувачите овие резултати ги објаснуваат со влијанието на стресот од модерниот живот, и психолошките потешкотии, како пример депресијата. |