Робот ја презема диригентската палка Печати Е-меил
[15-05-2008 | 23:34 часот]
 Роботот односно хуманоидот Asimo кој го разви Honda, успешно изведе уште една човекова способност. Го преземал диригирањето на детроитскиот...

... симфониски оркестар додека ја свирел 'The Impossible Dream from Man of La Mancha', совршено имитирајќи ги движењата на прав диригент, па дури и со "музикалното" климање на главата.

Задоволната публика го поздравила неговиот настап, додека музичарите го пофалиле, освен што забележале дека движењата сеуште му се малку крути

По диригирањето, Asimo со скоро детски глас се обратил на публиката:

"Воодушевен сум што настапив со детроитскиот симфониски оркестар. Ова е неверојатна концертна сала, а вие сте прекрасна публика".