Жените - емотивно посилни Печати Е-меил
[20-06-2006 | 00:34 часот]
 Жените многу полесно го поднесуваат фактот дека не се во врска, покажало најновото истражување на еден интернет портал за барање на партнери. Анкетата спроведена во осум европски земји, покажало дека, жените, крајот на врската го доживуваат како...

...своевидна слобода, додека за мажите тоа е личен неуспех.

Така, 18 насто од жените изјавиле дека се среќни што се сами, додека овој процент кај мажите е за два насто помал.

Нова партнерка активно бараат 13 насто од мажите, што не е случај со припадничките на понежниот пол, каде овој процент е двојно помал.

Во истражувањето учествувале околу 5 400 самци, на возраст помеѓу 25 и 50 години.

 
 
 
Jungle TV