|
Гинисовецот ослабе 235 килограми |
|
|
|
[15-05-2008 | 23:59 часот] |
Мексиканецот Manuel Uribe кој со своите 560кг постигна гинисов рекорд како најдебел човек на светот, одлучил да собори нов рекорд, овој пат по обратен редослед...
Uribe одлучи да го собори рекордот во слабеење, а по се изгледа во тоа и ќе успее. Откако го постигнал рекордот за дебелина во 2006, Manuel го оперирал желудникот и од тогаш е на строга диета. После 6 години јадење пица и хамбургери во својот кревет, здравата храна од овошје зеленчук и риба му го сменила животот. Тој од почнувањето на диетата во 2006, до денес ослабел дури 235 килограми. Сегашниот рекорд во слабеење го држи американката Rosalie Bradford, од 544кг до 227кг, или поточно... ослабела 317 килограми!  |