|
Sugababes на плоштад Македонија |
|
|
|
[16-05-2008 | 00:58 часот] |
Балканската ѕвезда Здравко Чолиќ, и фамозното британско трио - Sugababes оваа сабота ќе настапат на плоштад Македонија. Чолиќ со почеток во 20.30 часот, и...
... Sugababes со почеток во 22.30 во сабота ќе го обележат ребрендирањето на Македонски телекомуникации во T-Home. Sugababes од страна на британската музичка индустрија се прогласени за најуспешен и најпопуларен женски состав во Велика Британија, имаат повеќе од топ 10 хитови, а сега ја завршуваат турнејата за последниот албум Change. Здравко Чолиќ во Скопје последен пат беше пред четири години, неговиот последен албум "Завичај" кој излезе минатата година се продаде во тираж од 300.000 примероци за помалку од еден месец. Пред да почне спектаклот на плоштадот, дента пред платото на АРМ со почеток во 12 часот за најмладите ќе настапи Златно славејче, а потоа следуваат Бени, Александра Пилева, Маја Саздановска и Bei the fish.  |