Гладиаторките - нов моден тренд Печати Е-меил
[18-05-2008 | 22:57 часот]
 Дефинитивно, најпосакувани сандали ова лето ќе бидат гладијаторките или римјанките... Овие сандали се "ин" веќе неколку години, но оваа сезона ќе ја...

... доживеат својата ренесанса, тргнувајќи од тоа дека нема дизајнерско име кое во својата колекција не престави барем еден пар од овие чевли.

Се разбира дека звездите први го промовираа овој тренд. Па така Kate Moss почна да ги носи уште од 2005 година...

Со гладиаторки се појавија и Sienna Miller, Gwyneth Paltrow, сестрите Olsen и др.

За сезоната пролет/лето модната индустрија нуди многу варијанти на гладијаторките, од високи во темни бои до ниски во топли нијанси на кожа, од потполно рамни до оние со високи потпетици за вечерните излегувања.