Секс - сабајле или навечер? Печати Е-меил
[19-05-2008 | 00:05 часот]
 Едно истражување покажа дека утринскиот секс повеќе го сакаат мажите одколку жените чиј мелатонин (хормон поврзан со спиењето) наутро е повисок...

... отколку кај мажите.

Додека во текот на денот, за време на ручек, на никого не му е до секс.

Дневните обврски го зимаат данокот и нивото на ендорфин (хормон поврзан со расположението) кај двата пола е многу низок.

Сепак, во паузата помеѓу обврските и двата пола се опуштаат фантазирајќи за секс.

Во тие моменти е возможен само "секс на нога" кој носи релаксација и ослободување од стрес.

После работа тој пак мозже, сака, едвај чека... но она не. Таа е уморна "прљава" и неразположена.

Во предвид доаѓа само брз секс, и тоа после вечерата со чаша "опуштачко "вино. Меѓутоа таа тогаш сака да слушне убав збор и романтика, а на него му е само до страст и секс.

Најдобро е да се дочека легнувањето, кога и двајцата се опуштени - таа завршила на телефон со другарките, а тој ги изгледал сите утакмици на ТВ.

Машките и женските сексуални часовници тогаш се потполно ускладени, и "огнометот" може да почне!

Најмалку седум часа сон му е потребен на секого без разлика на полот.

Меѓутоа, има и особи на кои им "светнува" сред спиење.

Тоа се најчесто мажите, но и жените знаат да се разбудат и да побараат нежност.

Во такви ситуации нетреба да се биде упорен, не е крај на светот ако ве одбијат. Во спротивно честитки - вие и вашиот партнер сте потполно компатибилни!