|
Не се присилувајте на здрава храна |
|
|
|
[19-05-2008 | 23:38 часот] |
Присилувањето на самите себе да конзумирате храна која не ја сакате, не е вистинскиот начин на здрава исхрана, тврдат научниците. Rachel Cooke, која е...
... претставничка на Британското здружение за нутриционизам, открива дека нутриционистите тврдат дека луѓето најчесто јадат храна која воопшто не им е вкусна. “Тоа не е начин долгорочно да усвоите одреден здрав животен стил. Тајната на здравиот начин на исхрана се однесува на тоа - да се воздржувате од внесувањето премногу масти, шеќери и сол, но кога повремено ќе си направите "излет", тогаш тоа нека биде вашето омилено чоколадо“, советува Cooke. “Всушност не постои добра или лоша храна. Постои само добра или лоша исхрана, така што ако луѓето сакаат чоколадо и во него уживаат, чоколадото лесно може да се вклучи во здравата исхрана. Малку уметност и правилно комбинирање на продуктите, се вистинскиот клуч за успех“, објаснува Cooke. |