|
Нокиа и Сименс се споија |
|
|
|
[20-06-2006 | 00:54 часот] |
Вчера се роди новиот гигант во телекомуникациите, Нокиа и Сименс постигнаа спогодба за спојување на своите телеком дејности, со што се создаде еден од најголемите актери во индустријата на телекоминикациите. По веста за спојување на двата гиганта...
...акциите им скокнаа за повеќе од седум отсто. Според договорот, во новата фирма Нокиа Сименс Нетворк, двете компании ќе бидат со подеднаков процент 50 : 50 отсто. Германскиот индустриски конгломерат Сименс одби да ги коментира финансиските детали од спогодбата, меѓутоа, според американскиот "Вол стрит џорнал" овој договор чини околу 31,6 милијарди долари.  |