|
Женетите мажи се попривлечни! |
|
|
|
[20-05-2008 | 23:43 часот] |
Дамите повеќе им веруваат на женетите мажи - ги сметаат за посериозни, посамоуверени и поодговорни. Меѓутоа, сексолозите тврдат дека тоа не е...
... единствената причина, туку фактот што кај жените постои вечно ривалство, кој “забранетото овошје“ го прави уште попривлечно. Исто така е утврдено дека жената која успеала да и го превземе партнерот на друга жена, има повеќе самодоверба и се чувствува помоќно. Сепак, експертите на жените не им препорачуваат да се впуштаат во авантури со женети мажи, бидејќи во таков случај поголеми се шансите од авантурата да "излезат" емоционално скршени. Истражувањата покажуваат дека “сопствениците“ на бурма се повеќе склони кон лажење, а кон љубовниците се помалку чуствителни отколку спрема сопругите. Со вакви чуства, женетите мажи во повеќето случаи се подготвени да ги остават своите љубовници без многу грижа на совест. |