Мажот не е вибратор, а црнците имаат поголеми... Сексот и покрај се поголемата отвореност останува табу, па е причина за многу предрасуди. Ова се некои од...
... најчестите вистини и заблуди: Добриот љубовник знае како РЕЛАТИВНО. Искусниот љубовник навистина е подобар од почетникот, но се е релативно - и се е прашање на тоа што очекуваме. Техниката и величината се важни, но што вреди кога не допира до вистинската жичка? А таа е тешко да се пронајде на првиот состанок.
На среќните парови секој секс им е - најдобар НЕТОЧНО. Во долгите врски постојат толку многу работи кои се важни барем колку и сексот - на пример долгото милување. Така што дивеењето по чаршафите и не е секојдневна обврска на паровите. Всушност, се зависи повторно од перцепцијата.
Ако морате да го планирате сексот нешто не е во ред НЕТОЧНО. Желбата за секс е засилена во раниот период од врската и зависи од хормоните кои исчезнуваат по околу 18 месеци. Потоа на ред доаѓаат другите обврски кои не можат да се занемарат секој пат кога ќе помислите на секс. Затоа поканата за водење љубов е сосема нормална работа, а завршетокот може да биде исто толку силен како на почетокот на врската.
Ме мами - не ме сака НЕТОЧНО. Прељубата на подразбира љубов кон трета личност, туку непочитување на сопствениот партнер, бидејќи моногамијата не е вродена, таа е нешто на што сме навикнати, на што сме научени.
Жените не сакаат порно филмови и валкан секс НЕТОЧНО. Не се сите жени романтичарки, а грубиот секс на екраните може да ги возбуди колку и мажите - но за разлика од мажите, најчесто ако ,,актерот'' и ,,актерката'' се згодни.
Жените доживуваат оргазам само за време на секс НЕТОЧНО. Само 30% од жените доживуваат оргазам при пенетрација, а на повеќето им е потребна стимулација на клиторисот. За тоа не е виновен мажот туку градбата на женското тело - клиторисот се наоѓа надвор од вагината, па не се дразни со пенетрација. Ретки се тие среќнички кои ги доживуваат на таков начин.
Мажите се попромискуитетни РЕЛАТИВНО. Уредувањето на општеството им дава повеќе слобода на мажите, затоа жените се склони да го кријат вистинскиот број на своите љубовници, додека мажите со тоа се фалат.
Црнците имаат поголеми... ТОЧНО. Не само поголеми, туку и подебели и подолги. Едно истражување дошло до заклучок дека Азијатите имаат пропорционално најмали полови органи, со просечна должина од 10 до 12,5 сантиметри, белците поседуваат алатки од просечно 14, додека црнците се обдарени со 15 до 18 сантиметри. Но има нешто и во техниката, нели?
Мажите се секогаш расположени НЕТОЧНО. Тинејџерите кои влегле во светот на сексот, веројатно ќе сакаат да испробаат се што прочитале во порно списанијата или гледале на филм. Но тоа се менува со годините. Мажот не е вибратор. Работа, стрес, егзистенција, се влијае на сексуалната желба. Извор - Вечер |