|
Napster - повторно на врвот |
|
|
|
[21-05-2008 | 23:03 часот] |
Компанијата Napster ја лансираше најголемата online музичка продавница на светот, која ќе продава музика без користење на DRM (Digital Rights Management) ...
... технологија, со чија помош се блокира или ограничува копирањето и снимањето на CD-а. Повеќе од 6 милиони песни, без заштита од копирање, ќе се продаваат за 99 центи како MP3 фајлови, кои корисниците ќе можат да ги слушаат на било кој MP3 player, вклучувајќи го и iPod-от на Apple. Ова е најголем удар кон iTunes продавниците на Apple, и онлајн продавницата на Amazon. Цените се скоро исти, но Napster нуди мп3-ки без блокада и дури до 50% повеќе избор од конкуренцијата. Napster со повеќе од 6 милиони песни во својата понуда, го надмина Amazon кој во својата понуда има 5 милиони нумери, и останува најголемата музичка продавница во светот. |