Брзото темпо на живеење и секојдневната изоженост на стрес на работа, и тоа како се одразува на нашето здравје. Еве неколку совети кои ќе ви...
... помогнат како да се опуштите на работното место. 1. Избегнувајте ги одложувањата Избегнувајте го одоговлекувањето на извршувањето на работните задачи и поместувањето на роковите. Доколку чекате до последниот момент за да ги извршите работните обврски, ќе поминете многу повеќе време во нервози, а нивото на стрес само ќе расте. Работата во мир и тишина сигурно ќе ве ослободи од анксиозноста. 2. Концентрација Трудете се сите работи кои ви го нарушуваат вниманието, да ги држите под контрола. Исклучете го телефонот и затворете ја вратата од канцеларијата ако ви е потребно време за да се концентрирате. 3. Не го отварајте постојано e-mail inbox-от Испланирајте го времето кое го користите за проверка на inbox-от. Доколку го проверувате e-mail-от повеќе од два или три пати дневно, трошите драгоцено време за кое можете да завршите многу обврски. Доколку е нешто навистина битно, ќе бидете известени и на друг начин. 4. Прошетајте за време на паузата Одлична пракса е да прошетате за време на кратката пауза или ручекот. Ќе се чувствувате посвежо, и ќе останете во подобра форма доколку прошетката ви стане секојдневна пракса. |