Кога е време да прекинете? Печати Е-меил
[21-05-2008 | 23:30 часот]
 Сите, барем еднаш во животот сме тешеле пријател кој бил оставен. Често сметаме дека личноста која ја прекинува врската е ладна и бесчуствителна. Но...

... стварноста е поинаква. Понекогаш е потешко да ја прекинете врската, отколку да бидете оставени.

Неколку совети, како да дознаете дали на вашата врска и е дојден крајот.

Криза во врската?

Мора да ја разликувате кризата во врската од кризата во вашиот живот.

Ако неодамна сте имале тежок период, како менување на работното место, болест во семејството, селидба или слично, веројатно сте под стрес, а без причина кривецот го барате во партнерот. Добро размислете!

Не постои 100% заљубеност

Ако мислите дека секојдневно ќе може да доживувате незаборани моменти во љубовта, набрзо ќе се разочарате.

Многумина сметаат дека треба да бидат 100% заљубени во својот партнер за да можат да ја одржуваат и да останат заљубени.

Реалноста покажува дека  100% заљубеност - не постои!

Лоциравте агресивец - бегајте!

Приметивте агресивното однесување кај вашиот партнер?

Независно дали станува збор за вербално, физичко или психичко агресивно однесување, потрудете се што побрзо да ја решите ситуацијата и да си заминете.

Компромиси, компромиси....

Се прашувате дали сте спремни уште да вложувате во врската? Ако не сте подготвени за одрекување и компромиси, време е да запловите во соло - води.

Без грижи, во секој случај ќе запознаете уште многу партнери во животот, уште многу пати ќе оставите и ќе бидете оставени, а сето тоа е само дел од животот...