Научниците го создадоа наследникот на виаграта, и се надеваат дека овој лек неколкукратно ќе го надмине успехот на популарната сина таблета. Сега за сега...
... лекот е сеуште само во форма на инекција, и се работи на негова "преобразба" во таблета. Најинтересно кај новиот лек е тоа што не ја потикнува само ерекцијата (како виаграта) туку и ја зголемува желбата за секс. Што значи дека со овј лек ќе се санира губењето на либидото кое погодува повеќе од една третина од жените, и една шестина од мажите. Лекот поттикнува Typa 2 gonadotropin, хормон што го придвижува репродуктивниот систем кај животните и луѓето. Тестовите врз животни се покажаа успешни, а истражувачите во центарот во Единбург сега ги продолжуваат истражувањата врз луѓе. Овој лек би можел комплетно да ја исфрли Виаграта од употреба, бидејќи сината таблета не создава желба, туку само води до ерекција. Новиот лек истовремено ќе возбуди и ќе ја разбуди желбата за секс - и кај мажите, и кај жените! |