|
Ако вашите блиски се откажуваат... |
|
|
|
[22-05-2008 | 22:28 часот] |
Потребата за цигари е “заразна“, но и откажувањето од цигари исто така. Пушачот ќе има поголема потреба за цигари ако неговиот партнер, пријател, колега...
... или роднина го прави истото. Всушност, пушачите би требало да работат на откажувањето во групи, бидејќи тогаш и оние кои не се доволно упорни ќе бидат критикувани, па и отфрлени од групата - тврдат научниците. “Навиката за пушење не зависи само од навиката на пушачите кои ги познавате, туку и од навиката на оние со кои се дружите“, објаснил харвардскиот доктор и автор на новата студија - Nicholas Christakis. Во истражувањето кое е спроведено врз 12.067 луѓе, е утврдено дака ако брачниот партнер престане да пуши, шансите и вие да престанете да пушите се 67%. Ако вашиот пријател престане да пуши, имате 36% шанси и вие истото да го сторите. Слично е и со колегите од работа и роднините. Годишно само во САД како последица од пушењето умираат 400.000 луѓе. |