|
Мажите не се негуваат ?! |
|
|
|
[22-05-2008 | 22:36 часот] |
Мажите допрва треба да ги стигнат жените, кога станува збор за купување на козметика за нега на лице и тело, покажуваат истражувањата кои ги спроведе Mintel...
Пазарот на женски производи за нега на кожата во Велика Британија е вреден 602 милиони фунти годишно, додека машкиот пазар е 10% од таа сума, односно 57 милиони фунти. “Компаниите вложуваат многу пари за производите за нега на машката кожа. Со приказната за мажите на модерното време - метросексуалците, сите очекуваа дека мажите нагло ќе почнат да вложуваат во сопствената нега, но очигледно е дека тоа не се случи“, изјави Alexandra Richmond од Mintel. “Денеска, грубиот изглед и неизбричена брада се се повеќе во мода помеѓу младите мажи, што значи дека неамаат потреба од балзами и креми за лице за нега на кожата после бричење“, нагласува Richmond. Со ова истражување е утврдено дека просечниот Британец, годишно троши помалку од 2,5 фунти на козметички производи наменети за нега на кожата. |