Пена која ги поправа забите Печати Е-меил
[25-05-2008 | 22:38 часот]
 Сега можете да го игнорирате фактот дека благите и чоколадото предизвикуваат кариес, затоа што научниците направија пена за заби која не само што ги...

... штити забите од расипување, туку и ги поправа забите кои имаат кариес.

Новиот производ моментално е во завршна фаза на лабараториски тестирања кои се прават во Мелбурн.

Научниците тврдат дека пената десет пати подлабоко влегува во забите од кој било досега постоечки третман за глеќта.

Клиничките испитувања покажале дека Tooth Mousse Plus не само што дава најголема заштита за глеќта, туку и може да ги поправи и расипаните заби.

Пената е peptide-calcium phosphate nano-complex кој забите ги поправа на начин што ги заменува оштетените минерали на забите.

Овој револуционерен производ е заедничко дело на австралиски и јапонски научници од подрачјето на молекуларна биологија, стоматологија и хемија.