Стинг одржа концерт во Нови Сад Печати Е-меил
[21-06-2006 | 02:34 часот]
 Познатиот британски пејач и гитарист Гордон Метју Томас Самнер, познат како Стинг, синоќа одржа концерт на Петроварадинската тврдина во Нови Сад на кој присуствуваа повеќе од 18.000 луѓе. По настапот на предгрупата Фикшн плејн, легендарниот лидер...

... на групата Полис го почна концертот со половина час задоцнување, односно во 21 часот и 30 минути.

Закажан прво во Белградската арена, концертот поради технички проблеми беше доведен во прашање, а потоа откажан за повторно да биде закажан за истиот датум, но со ново место на одржување, на Петроварадинската тврдина во Нови Сад.

По концертот во Нови Сад, Стинг продолжува со настапи во Будимпешта, Братислава, Милано и Неапол, каде ќе одржи бесплатни концерти.

Според најавите, британскиот пејач и гитарист ќе настапи и во Франција, Шпанија, Монако и Холандија.