Што се случува во организмот Печати Е-меил
[25-05-2008 | 22:44 часот]
 Сте се запрашале ли барем еднаш, што се случува во организмот кога ќе се изгасне последната цигара? Во рок од 20 минути откако човекот ќе престане да пуши...

... телото почнува да се опоравува. "Reader`s Digest" ја објави следната листа на корисни промени кои настануваат во одредени периоди откако пушачот ќе ја изгасне "последната" цигара...

По дваесет минути: Крвниот притисок и пулсот се враќаат во нормалата; температурата на дланките и стапалата расте до нормалата.

По осум часа: Концентрацијата на моноксидот во крвта се симнува на нормалата; концентрацијата на кислород во крвта расте до нормалата.

По дваесет и четири часа: Се намалува опасноста од срцев инфаркт.

По четириесет и осум часа: Завршетоците на нервите почнуваат да се обновуваат; се подобрува сетилото за вкус и мирис; почнува полесно да се оди/трча.

По две недели до три месеци: Се подобрува циркулацијата; капацитетот на белите дробови се зголемува за дури 30%.

По еден месец до девет месеци: Се намалува кашлањето, затнатоста на синусите, премореност и забрзано дишење, се регенерираат белодробните келии.

По една година: Опасноста од хронични срцеви болести е два пати помала отколку кај пушачите.