Ситници кои ја саботираат врската Печати Е-меил
[25-05-2008 | 23:18 часот]
 Ситните нешта на кои можеби и не им придавате многу значење, можат да ја уништат дури и совршената врска. Само некои од нив се - непрестано зборување...

... за поранешниот, или настојување партнерот поради вас сосема да се измени, пренесува Women24.

Сакате ли долготрајна и здрава врска? Време е да се ослободите од вашите иритирачки навики...

Прилагодување на неговиот вкус

Поради него сте подготвени да ги научите сите делови на автомобилот, да гледате акционен филм во кино, и никогаш да не споменете романтика и цвеќе...

Да се однесувате како ''жена од пластелин'' и во секој момент се прилагодувате на неговите потреби, порано или подоцна ќе ја донесе вашата врска во пропаст.

Екс-Фактор

Нормално е со партнерот да ја делите интимата, но зборувањето за бившите држете го во ''границите на нормалата'' и избегнувајте живописни детали.

Тој не сака да слуша како сексот ви бил фантастичен или како се уште покрај прекинот се сложувате добро.

Немојте да се однесувате детски...  Наместо прераскажувања на минатото, објаснете му што во вашата врска не функционирало и зошто сте прекинале.

Читање мисли

Оваа ситуација сигурно ви е позната. Тој прашува што ви е, а вие на тоа одговарате ''Ништо'', затоа што сакате тој да свати во што е проблемот.

Секоја успешна врска се темели на комуникација, а ваквото однесуваше нема да ве однесе далеку.

Затоа следниот пат кога ќе ве праша во што е проблемот, објаснете му што точно ве налутило...