Евровизиска победата за Русија Печати Е-меил
[25-05-2008 | 23:51 часот]
 Русија е таа која ја однесе победата на саботното финале на овогодинешната Евровизија која се одржа во Белград. Контраверзниот Русин - Дима Билан со..

... 272 бода убедливо ја освои првата позиција оставајќи ја зад себе Украина со 230 и Грција со 218 бода.

Русинот во своето евровизиско патешествие константно ги бомбардираше медиумите.

Почнувајќи од информацијата за употреба на лажни евра, преку бројката од 19 девојки кои легнале во неговиот кревет, до онаа за наводната врска со белорускиот претставник Руслан Алехно.

Овогодинешното 53-то издание на Евровизија имаше досега рекорден број на учеснички - дури 43 земји.

Нашите преставници Тамара, Врчак и Гаџа на втората полуфинална вечер стигнаа само до 10-то место, со кое не обезбедија влез во саботното финале.

Видеа може да погледнете на официјалниот youtube Евровизиски канал, овде !