Во сабота - необјавениот спот на Тоше Печати Е-меил
[26-05-2008 | 01:57 часот]
 Според хрватскиот портал 24sata.hr, спотот за песната "Hardest Things" која Тоше ја сними за својот албум за странскиот пазар, премиерно ќе биде...

... прикажан на 31 Mај, на последната вечер на Хрватскиот радиски Фестивал во Опатија.

Спотот е монтиран од "МТВ Адриа" , од материјали снимени на Јамајка и од студиото во Лондон.

Снимките од Јамајка се снимени уште во 2006 година, во периодот кога Тоше, неговата  менаџерка Лилјана и Ласте Николовски од "Аворд продукција" 20 дена престојуваa на oстровот.

Со нив на снимањата биле и менаџерот за странски пазари - Brian Taylor и продуцентот Andy Wright.

Престојот на Тоше во Јамајка е снимен како реално шоу, бидејќи камерите го следеле секој негов чекор.

На 20 дневниот престој на Јамајка, снимени се стотина часови материјал.