|
Metallica - наскоро со нов албум |
|
|
|
[26-05-2008 | 23:44 часот] |
Еден од култните бендови на изминатата деценија - Metallica, се чини дека засилено се враќа во форма. Месец дена по издавањето на новиот албум односно во...
... октомври, бендот тргнува на турнеја - откри тапанарот Lars Ulrich за време на нивен настап во клуб во Лос Анџелес. Во текот на 2 часовното шоу пред 2300 луѓе ветеранскиот квартет ги исполни хитовите 'For Whom the Bell Tolls', 'Fuel', 'Master of Puppets' и 'Enter Sandman'. Настапот бил набрзина организиран за да се соберат средства за непрофитната организација "Silverlake Conservatory of Music", чиј основач е басистот на Red Hot Chilli Peppers - Fle. Тој на настапот им се придружил на песната 'Ride the Lightning'. Новиот неименуван албум, продолжение на разочарувачкиот 'St. Anger' - би требало да биде во продавниците веќе во септември. Како што Ulrich објасни, Metallica е при крајот со завршување на албумот.  |