|
Мобилен телефон од Christian Dior |
|
|
|
[27-05-2008 | 00:33 часот] |
Последните неколку години врвни дизајнери се приклучија на мобилната индустрија, па така денес на пазарот имаме мобилни од Dolce & Gabbana, Prada, Gucci, Chanel, а од..
... сега и од францускиот Christian Dior. Овој мобилен ќе се најде во продавниците на Dior ширум светот во септември и ќе чини 3.500 евра. За оние пребирливите со подлабоk џеб, ќе биде достапен модел со 640 дијаманти кои ќе ги платите само 18,000 евра (секако добивате и футрола од крокодилска кожа во пакетот). Мал, сладок преклопен мобилен навистина е вистинско задоволство за сите припаднички на понежниот пол, а на металниот сјај на рамката се наоѓа и препознатливото лого на француската модна куќа. Телефонот поседува камера и тач скрин, и е произведен во партнерство со ModeLab.  |