Нема ништо погрешно во тоа мажите или жените во љубовната врска да го добиваат она што и очекуваат од таквиот однос. Без оглед на тоа дали имаат или не список на...
... карактеристики за идеален партнер, или само ментална слика во како би требало да изгледа таа или тој. Но, што ако неговите стандарди се толку високи што ниедна жена неможе да ги достигне? Секогаш е во потрага Мажот може да гледа по пријатели, колеги или келнерката. Но, доколку неговите очи ''шетаат'' наоколу додека разговара со вас, бидете внимателни: многу веројатно е дека ја бара следната ''подобра'' прилика. Негова најдолга врска - ваша најкратка Мажот кој е доволно зрел за права врска најчесто имал најмалку две долготрајни врски зад себе. Но, ако ви каже дека неможе никако да издржи во врска подолго од 6 месеци, разберете го тоа како знак дека многу брзо се заситува од секоја девојка. Пријателите му се поважни од вас Нема ништо лошо во потребата на мажот да се дружи со својте пријатели. Но, ако постојано се наоѓате во ситуација да морате да се борите со неговите пријатели за простор во неговиот живот, меѓу вас постои голем проблем. Не ви се јавува често Дури и мажите кои сакаат да се прават ''студени'' не се ледена санта. Ако морате да чекате повеќе од три дена за да ви се јави очигледно е дека не сте му толкав ''предизвик''. |