Scarlett издаде музички албум Печати Е-меил
[27-05-2008 | 23:17 часот]
 Една од најпопуларните глумици на новата генерација - Scarlett Johansson, одлучи да си ја проба среќата во музичките води. Таа го сними и издаде својот прв музички...

... албум насловен "Anywhere I Lay My Head".

На албумот се присутни претежно спори песни со инструментални делови на акустична гитара, ѕвончиња и нежни вокали.

За разлика од нејзината глумачка кариера, во музичките води не ја очекува блескава иднина. Албумот доби лоши критики, а популарниот музички магазин Rolling Stone го оцени со 2,5 ѕвезди од можни 5. 

Веднаш по промоцијата на албумот која се одржа на 19 мај, Scarlett се откажа од промотивната турнеја со образложение дека е презафатена со филмските ангажмани.

 
 
 
Jungle TV