Жените - 10 години на диета Печати Е-меил
[28-05-2008 | 00:04 часот]
 Новото истражување покажува дека жените во просек цели 10 години од својот живот поминуваат на разни диети. Просечната жена се придржува на две диети...

... секоја година, а секоја од нив трае просечно 5 седмици.

Според овие проценки, кај жените од 18-та до 70-та година периодот поминат на диети изнесува 10 години. Во некои случаеви, жените поминуваат и до 25 години на диета.

Анкетата спроведена од компанијата “LIPObind“, опфатила 4.000 жени, а резултатот е следниот: една третина од нив почнуваат со диета веќе на 16 години, а некои дури и порано.

39% од жените изјавиле дека се обиделе да ги намалат килограмите поради изгледот, а 32% од нив сметале дека ќе биде нивна одговорност ако децата им бидат дебели.

Според ова истражување, 77% од жените би ја подржале забраната за прикажување на згодни и разголени славни жени на рекламите, бидејќи тие им создаваат притисок на нормалните.

“Ова покажува колку само жените размислуваат за својата тежина, и под колкав притисок се за да останат во форма“, додава докторот Glenn Wilson од лондонскиот институт.