Windows 7 на допир (видео) Печати Е-меил
[28-05-2008 | 23:57 часот]
 Microsoft соопшти дека нејзиниот следен оперативен систем ќе биде направен за екран на допир, кој ќе биде алтернатива за маусот. Генералниот директор Steve...

... Ballmer, на конференцијата за дигитална технологија на њујоршкиот бизнис дневник - Wall Street Journal, го претстави екранот на допир, нарекувајќи го “само најмалиот дел“ од оперативниот систем Windows 7, кој ќе излезе на пазарот 2009/2010 година.

Претседателот на Microsoft - Bill Gates, новиот оперативен систем го опиша како еволуција во процесот на оддалечување од маусот.

“Денес, речиси сите интеракции со компјутерот се одвиваат преку маусот и тастатурата. Во следните години, улогата на говорот, погледот и допирот, ќе биде многу поголема“, изјави Gates.