Индиана Џонс - машина за пари Печати Е-меил
[30-05-2008 | 00:46 часот]
 Четвртото издание на легендарниот акциско авантуристички серијал, во првиот викенд од прикажувањето во САД заработи 151 милиони долари, објави во...

... вторникот дистрибутерот Paramount Pictures.

Вкупната заработка на филмот низ светот, во сите 61 земји каде се прикажува, е 311 милиони долари.

Новото продолжение за археологот авантурист е снимен по 19 години пауза, со 65 годишниот Харисон Форд и во режија на Стивен Спилберг.

И покрај огромната заработувачка, филмот не постави рекорд. Новото продолжение со наслов "Indiana Jones and the Kingdom of the Crystal Skull" се најде на второто место на рекордерската листа на сите времиња, а првото сеуште го држи ланскиот рекорд на Пиратите од Карибите.

Продуцентите Парамаунт и Лукас филм објавија дека цената на чинење на новиот Индиана Џонс, изнесувала 185 милиони долари.

Претходните 3 продолжение на Индиана Џонс, во светот имаат вкупно заработено 1,19 милијарди долари.

 
 
 
Jungle TV