|
Луда мода од Карл Лагерфилд |
|
|
|
[01-06-2008 | 23:08 часот] |
Неодамна во Мајами беше претставена новата Chanel Resort 2009 - колекција во која како најнеобични, беа претставени чевлите со пиштол во потпетицата...
Идеата за чевлите, нормално ја дал модниот гуру на Chanel - Karl Lagerfeld, а ги дизајнираше Laurence Decade. Lagerfeld, наводно идеjата ја добил инспириран од тетоважата на раката на манекенката Freja Beha-Erichsen, а потоа ја проследил до дизајнерите. „Miami Vice“ штиклите со пиштол, секако се новитет во модната индустрија, а ќе видиме како ќе ги прифатат модните љубители на Chanel. 
 |