|
Sex & the City го собори археологот |
|
|
|
[02-06-2008 | 22:28 часот] |
Долгоочекуваниот филм "Sex & the City", ширум светот бележи огромен успех. Филмот веќе го собори “Indiana Jones“ од врвот на бокс офисот, и ги надмина сите...
... холивудски очекувања. Само во првиот викенд на прикажување, “Sex & the City” оствари заработка од 55.7 милиони долари и со тоа се искачи на првото место. Dan Fellman, директор на Warner Bros - куќата која го дистрибуира филмот, изјави дека е изненаден од постигнатиот успех бидејќи нивните очекувања се далеку надминати, односно дека тие се надевале на заработка од “само“ 30 милиони долари. Аналитичарите предвидуваа дека “Indiana Jones“ ќе остане на врвот на листата, но археологот падна на второто место со заработка од 46 милиони долари до вториот викенд на прикажување.  |