Почина Yves Saint Laurent Печати Е-меил
[02-06-2008 | 22:40 часот]
 Познатиот моден гуру Yves Saint Laurent, еден од најпознатите личности во светот на модата, по долго болдеување почина во Париз на 71-годишна возраст, јавуваат...

... светските медиуми.

Laurent е роден 1936 година, во градот Оран, во Алжир.

Својата кариера ја започнува во студиото кај познатиот француски дизајнер Christian Dior.

На почетокот на 60-те години на минатиот век основаше сопствена модна куќа за висока мода.

Креациите на Saint Laurent го освоија врвот на модната сцена и го воведоа во елитниот клуб на дизајнери заедно со Christian Dior и Coco Chanel, кои Париз го направија моден центар на светот.

Yves Saint Laurent во 2002 година се повлекува од јавниот живот поради болеста.

Францускиот претседател Nicolas Sarkozy искажа длабоко жалење за смртта на легендарниот Saint Laurent, и го нарече креативен гениј - “Тој беше уверен дека убавината е луксуз кој им е неопходен на секоја жена и маж“, изјави Sarkozy.