Играјте голф и живејте подолго Печати Е-меил
[02-06-2008 | 22:47 часот]
 Голфот можеби не спаѓа во категоријата на најенергични спортови, но според новите истражувања голфот може многу позитивно да влијае на вашето здравје...

... па дури и да ви овозможи подолг живот.

Тим на експерти од Шведска ја проучувале здравствената состојба на 300.000 голфери, и е откриено дека имаат 40% помала смртност од оние кои не играат голф.

Со други зборови, голфот им “овозможил“ уште 5 додатни години живот.

Најдобрите играчи се оценети како најздрави, во однос на останатите спортисти, и имаат 46% помалку шанси да доживеат смрт во однос на своите врсници кои не се бават со овој гламурозен спорт.