|
Apple iPhone губи од BlackBerry |
|
|
|
[03-06-2008 | 23:56 часот] |
Според најновите истражувања, iPhone од Apple на пазарот во САД, го загуби водството зад своите конкуренти во подрачјето на "смарт" мобилни телефони...
Производителот Research in Motion (RIM) со својот BlackBerry, во првиот квартал од оваа година освои скоро половина од американскиот пазар, за разлика од 35% кои ги имаше во последниот квартал во минатата година. iPhone имаше доминација на пазарот во последниот квартал од 2007-та, додека во првиот квартал од оваа година едвај ја задржа втората позиција во полето на "паметни" телефони, со учество од само 19.2%. BlackBerry во својата програма нуди три модели. Два од нив, моделите BlackBerry 8100 и 8310 од скоро се достапни и на нашиот пазар преку ВИП Оператор.  |